Зачлени се    
 
 
     За нас   |   Совети   |   Новости   |   Календар   |   Контакт   |   Помош    Барај производ
 
  Продавајте полесно, заработете повеќе со Агри ИнфоНет!     НОВОСТИ:      Вината на „Тиквеш“ во комбинација со македонски специјалитети вистински хит во Загреб     Треба да бидеме горди на македонското млеко     Преработувачите ќе треба да го откупат вишокот на свинско месо     Млекото не содржи опасни материи ќе се контролира еднаш на две недели
promo codes for walgreens photo walgreens photo coupon prints walgreen photo deals
     ГОДИНАВА ЌЕ СЕ ОТКУПИ ПОМАЛКУ ТУТУН ВО СПОРЕДБА СО ЛАНИ
 
   
 
Новости
Винарската визба (ВВ) „Тиквеш“ настапи на Хрватскиот фестивал на храната и виното што се одржа во загрепската „Арена“. Меѓу 300-те излагачи од Австрија, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна гора, винарницата беше единствен претставник на винската индустрија од Македонија. . . .
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска изврши обиколка и контрола на млекопроизводствени капацитети во Битола и битолско. . . .
Преработувачите ќе треба да откупат од 180 до 200 тони свинско месо за да се надмине актуелниот дисбаланс  меѓу понудата и побарувачката на свежо свинско месо. Тоа од нив утре ќе го побараат министерството за земјоделство и Агенцијата за храна и ветеринарство.  . . .
Се намалуваат контролите за квалитет на млеко кај фармерите. Поради негативните резултати кои се добиваат веќе подолг временски период, агенцијата за храна и ветеринарство одлучи, наместо неделно, анализи за да се прават двапати месечно. Нема опасност ниту од увозното млеко за кое во последните 6 месеци, немало ниту еден позитивен случај на неиспарвност или афлатоксин. . . .
Тутунарите годинава ќе се соочат со намален откуп на тутун. Според проекциите на Министерството за земјоделство, ќе се откупат од 25 до 26 милиони килограми што е за околу 7 милиони килограми помалку од реколтата 2013, чиј откуп заврши во саботата. Министерот Љупчо Димовски причините за ова ги лоцира во глобалните трендови, како и во барањата на Светската здравствена организација за намалува . . .
Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-додадената вредност во земјоделството во 2012 година изнесува 42.841 милиони денари и во однос на 2011 година бележи номинален раст од 2,7%. Благ раст е забележан и кај земјоделската деловна гранка од 0,8% во однос на 2011 година. . . .
Претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство денеска одржаa средба со сопствениците на угостителските објекти во Штип, со цел да се приближат ХАСАП стандардите и предусловните програми. . . .
На крајот на март истекува рокот за подигање на евиденциски листови, познати како бели картони за тутунопроизводителите. Во подрачните единици на Министерството за земјоделство, деновиве се чека ред за вадење на овој документ, со кој тутунопроизводителите потоа склучуваат договори со откупувачите на тутун. . . .
Како што информираат од Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, Р.Е Охрид, најголем интерес има за набавка на нови трактори и приклучна механизација. . . .
Во јануари годинава биле откупени и продадени за 47% повеќе земјоделски производи споредено со истиот месец лани. Притоа поголем пораст на продажбата се забележува кај земјоделските домаќинства, отколку кај претпријатијата. . . .
Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, присуствуваше на Основачкото собрание на Македонската Национална Асоцијација на Винарии. . . .
Риболовната зона од регулациониот објект на ХЕЦ „Глобочица“ во Струга, кај местото викано „Дивљак“ ќе се издава под концесија за стопански риболов. . . .
Околу 20 тони тутун кој остана не откупен од страна на тутунските компании, тутунарите ќе можат да го предадат.Ова количина се однесува на недоговорениот тутун од страна на тутунарите за кои немаа евидентни листови. Министерството за земјоделство донесе одлука и последниот килограм тутун од регионот да биде откупен. За таа цел се задолжени Сојузот на здруженијата на тутунопроизводители на Македон . . .
Јагниња за извоз има доволно
Поставено на 05.03.2014
Благата зима им се погоди на овчарите, a стадата овци се сеуште на пасиштата. За велигденскиот извоз јагниња ќе има доволно,а колку ќе се продадат зависи од откупната цена. . . .
Министерството за земјоделство донесе одлука и последниот килограм тутун да биде откупен. За таа цел се задолжени Сојузот на здруженија на тутунопроизводители на Макдеонија и откупните пунктови да извршат попис, колкави количини вишок тутун се останати неоткупени и од колку производители од регионот на општините Велес, Чашка и Градско. . . .
Групацијата за производство на свинско месо бара да се намали данокот за сточна храна од постојните 18 на 5 отсто. . . .
Откупот на тутун привршува
Поставено на 03.03.2014
Привршува откупот на тутунот. До 15 март целото договорено количество треба да биде превземено од тутунските комбинати... . . .
Квотата од Светската трговска организација за увоз на пченица, наместо шест месеци како досега, ќе трае цела година. Ова е едно од усвоените барања на мелничарите по работната средба во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. . . .
во периодот 2011-2015 година се обезбедени вкупно 670 милиони евра за субвенции во земјоделството. И тоа во 2011 година беа исплатени 115 милиони евра, во 2012 година – 130 милиони евра, во 2013 година – 135 милиони евра, за годинава се планирани 140 милиони евра, а за наредната година се планира распределба на 150 милиони евра, што е неколкукратно повеќе од средствата што, на пример, ги дав . . .
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој соопшти дека до 30 април се продолжува рокот за доставување барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година, за Мерката 1.4 Помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи – специјализирани продавници за вино со потекло од Република Ма . . .
Во местото Макази, општина Ресен, денеска ќе биде поставен камен темелник за изградба на откупно дистрибутивен центар за јаболки. . . .
Проработи првата овлaстена лабараторија за испитување на квалитетот на пченицата и брашното во Источна Македонија. . . .
Согласно Акцискиот план за поинтензивно воведување на НАССР системот во угостителските објекти, претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство денеска во Гостивар ќе ја реализираат третата работилница “Интензивирање на воведувањето на НАССР системот во угостителските објекти во Република Македонија”.
Прочитајте повеќе повеќе
За десет дена откако трае деветтиот јавен повик за доставување барања за користење на финансиски средства од ИПАРД програмата со средства од Европските фондови, во Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството во Велес веќе се пријавиле дваесетина заинтересирани земјоделци. . . .
Друштвото за производство, трговија и услуги "Жито" од Велес претстави дел од своите земјоделски производи на саемот за бизнис со свежо овошје и зеленчук Фрут Логистика" што се одржа во Берлин, Германија. . . .
Тутунот и виното се производи кои заземаат значајно место во домашното земјоделство и со сериозен процент учествуваат во извозот, односно во вкупната вредност на земјоделско производство. . . .
Од почетокот на минатата недела до денеска Министерството за земјоделство исплати 2.245.000 денари или нешто повеќе од 36.000 евра субвенции во земјоделството. Финансиска поддршка добија вкупно 69.704 земјоделци, пишува Вечер. . . .
Со сеење на 230 хектари со сточна храна и хидрогеолошки истражувања, почна втората фаза во проектот Млекарница Сахара во Македонија. . . .
Паричните средства наменети за субвенционирање на земјоделците, секоја година растат, македонските земјоделци добија мотив за работа, а Македонија добива се повеќе квалитетни земјоделски производи. Освен ние, нашите соседи и граѓаните на европските земји бараат парче повеќе од македонскиот домат,пиперка, македонското вино, нашиот тутун... . . .
Жителите на Студеничани и Министерството за земјоделство постигнаа договор за откупот на тутунот. На нивниот револт, кој пред неколку дена резултираше со блокирање на пунктовите за откуп на тутун во селото, одговори државниот секретар во ова Министерството, Бесир Јашари, кој вети дека ќе направи напори да контактира со приватните фирми за да го откупат  целиот преостанат тутун во селото. . . .
Извозот на овошје и зеленчук пораснал за 10,4% или вредносно гледано за над 18 милиони долари. Кај житото и преработки од жито извозот е поголем за 5,5 милиони долари или за 14%, а за над 3 милиони долари е регистриран раст на извозот на разни производи за храна или процентуално земено вкупно 20,2% . . .
Топлото време што ја зафати Македонија позитивно се одрази врз земјоделството, но, доколку температурите се намалат, можни се проблеми во овоштарството, лозарството, градинарството, поледелството и пчеларството поради измрзнување, тврдат од Федерацијата на фармери (ФФРМ). . . .
Во Куманово е отворена канцеларија на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој, една од осумте низ државата. . . .
Бавно се развива договорно производство во земјоделството. И покрај стимулациите и бенефитот што го носи, договорното производство никако да заживее. . . .
Максимална хигиена, контрола од верската заедница на муслиманите, отсуство на какви било продукти од свинско потекло, строга забрана на генски модифицирани организми се само дел од барањата што мора да ги исполнат фабриките пред да почнат со производство на халал-храна. Самиот начин на производство е еден сеопфатен концепт, кој од муслиманите бара да користат производи, активности и услуги д . . .
Голем е интересот на земјоделците од Кавадаречко и Росоманско за аплицирање на најновиот ИПАРД повик. . . .
Во угостителските објекти минатата година нивото на спроведени добри хигиенски практики било незадоволително, покажуваат податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Поради тоа, како што беше речено на вчерашната работилница во Тетово, интензивно ќе се спроведуваат обуки и семинари. . . .
Основите на контролните системи за безбедност на храната што треба да се имплементираат во поголемите угостителски објекти кои произведуваат и послужуваат храна и во помалите, каде што ХАЦЦП системот пофлексибилно се имплементира, се темите на кои ќе се расправа денеска на работилница во Тетово. . . .
Субвенциите за лозарството се во целост исплатени, а според планот тече исплатата на субвенциите и за останатите гранки во земјоделство, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска одговарајќи на новинарски прашања по закројувањето на виновата лоза во Неготино по повод празникот свети Трифун. . . .
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави деветтиот јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската унија. . . .
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска промовираше луксузно издание посветено на македонските вина и винарии. . . .
Агенцијата за храна и ветеринарство го стави во функција бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22 наменет за потрошувачите на кој 24 часа може да се пријавуваат неправилности од областа на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните. Ќе може да се даваат и предлози за унапредување на работата на Агенцијата. . . .
Лозарите и винариите се подготвени за денешниот голем празник Св. Трифун во кого веруваат дека ќе го заштити лозјето од суши и мраз и ќе донесе голем род.Винариите, лозарите, семејствата каде што постои традиција на закројување на лозјето го прават адетот, но и прославуваат преку богата гозба, вино и музика. . . .
Винарските визби работат турбо
promo codes for walgreens photo walgreens photo coupon prints walgreen photo deals

Поставено на 14.02.2014
Производството на вино од реколтата 2013 година достигна ниво над 100 милиони литри . Зголемененото проиводство на домашно грозје придонесе и за рекореден извз на вино на странските пазари. Вкупниот откуп и берба на грозје во 2013 година достигна рекорд споредено со последните пет години. Според податоците на Министерството за земјоделство во 2013 година од страна на винарските визби откупен . . .
Ако не се регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство, производителите на традиционалната храна нема да ја продаваат оваа храна од дома... . . .
Историски рекорд на извоз на македонско вино
promo codes for walgreens photo go walgreen photo deals

Поставено на 13.02.2014
Македонија руши рекорди со извозот на вино на странските пазари. Порталот Лидер дојде до последните податоци на министерството за земјоделство кои покажуваат дека во 2013 има извоз на вино најголем до сега – 885. 331 хектолитри во вредност од 50 милиони евра. Ако се спореди просек за периодот од 2007 до 2012, лани извозот е за 48 % поголем според количина и 24 % според вредност. . . .
За рурален развој во 2014 и 2015 година на општините ќе им бидат доделени една милијарда денари буџетски средства и дополнителни 18 милиони евра од ИПА фондовите, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешната средба со граѓаните во малешевското село Чифлик. . . .
Производителот на традиционална македонска храна MAMA’S се претстави на саемот Ethnic Food Fair, кој се оддржа во Амстердам, Холандија на средината на јануари. . . .
Во јануари 2014, општината Македонска Каменица влезе како една од трите пилот општини во PPP4Broadband проектот финансиран под капата на Транснационалната Програма за Југоисточна Европа.  . . .
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски се сретна со турскиот амбасадор во Македонија, Ѓурол Сокменсуер. . . .
Преспанско,Тиквешко и дел од Охридското езеро ќе одат под концесија за стопански риболов за 6 години. Крајниот рок за доставување на понудите во Министерството за земјоделство е 17 март. На концесија за рекреативен риболов се даваат водите на шест акумулации и на повеќе сливови на реки. . . .
Министерството за земјоделство преку министерството за земјоделство во Турција ќе помага околу пласманот на преспанското јаболко, а државниот инспекторат ќе ги открива евентуалните недостатоци околу исплатата на средствата од страна на откупувачите кон овоштарите. . . .
Во присуство на голем број на земјоделци, претставници од општината Чешиново-Облешево и од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска во Облешево е формирана земјоделската задруга Агро обнова. . . .
За домашното земјоделско производство да биде конкуретно на европските пазари земјоделците треба да внимаваат и на пакувањето. За таа цел овошјето и зеленчукот треба да биде пакувани во картонски амбалажи според строгите правила на ЕУ. . . .
Агенцијата за храна ќе ги регистрира земјоделците кои произведуваат според традиционални рецепти. . . .
Преку јавна електронска аукција ќе се доделуваат ловишта во повеќе региони во Македонија, најавија денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски. . . .
Собранието на Република Македонија во рамки на денешното продолжение на 84. седница во прво читање ги разгледуваше дополнувањата на Законот за земјоделско земјиште. . . .
Државниот инспекторат за земјоделство ги засилува контролите на пазарите каде што се врши промет со семенски и саден материјал на земјоделски производи. Трговците со семенски и саден материјал од домашно производство, мора да бидат запишани во Регистарот во Управата за семе и саден материјал во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. . . .
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој Тони Димовски денеска ја отвори регионалната канцеларија лоцирана во просториите на регионалното одделение на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството. . . .
Овој саем нуди идеална можност да се презентираат најразличните видови на производи. . . .
Прописите кои ги наметнува европската Унија од областа на земјоделството  со заеднички сили  ќе ги спроведуваат фармерите и ветеринарните служби.    . . .
По барање на тутунопроизводителите, а со цел се интензивира откупот на тутунот, согласно разговорите кои во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одвиваа оваа седница со сите компании кои вршат откуп на тутун, согласно Законот за тутун и тутунски производи, од денеска откупот на тутун ќе се реализира и за време на викендите. . . .
150 македонски земјоделци од организација на Федерацијата на фармерите на РМ, 150 македонски земјоделци од денеска присуствуваат на еднодневна посета на Саемот за земјоделство АГРОТИКА кој се одржува на Интернационалниот саем HELEXPO во Солун, Грција. На саемот ќе биде презентирана земјоделска механизација, нови технологии, заштита, семе и саден материјал.
Прочитајте повеќе повеќе
Од март 2013 година на сила се воведените засилени мерки за контрола на афлатоксинот со задолжително лабораториско испитување на пченката и производите од пченка на граничните премини и во внатрешниот промет, како и наредбата за задолжително земање на мостри за испитување на афлатоксин кај увозното млеко и производите од млеко по потекло од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и од Косово,с . . .
Kупувајте само пакуван леб, внимателно прочитајте ги податоците на етикетата во врска со хранливата вредност на производот и можните алергиски реакции. . . .
Годинава евиденцијата и контролата во сточарството ќе ја спроведува  Факултетот за земјоделски науки и храна. . . .
Во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска се склучија првите пет договори согласно изменетата ИПАРД Програма. Договорите се однесуваат на инвестиции за набавка на земјоделска механизација вклучително и трактори, како и опрема за обработка на лозов насад, заштита на насад, ѓубрење и берба. . . .
Субвенциите, ИПАРД и програмата за рурален развој е она за што најмногу се интересираат земјоделците на средбите со надлежните од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството, кои се одржуваат во земјава. Претставници на Агенцијата вчера во кумановскиот регион се сретнаа со земјоделците од тој крај во рамките на проектот „Отворени ден . . .
Средба со кумановските земјоделци одржа Игор Златков, директорот на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството во рамките на Отворените денови за земјоделството. . . .
Македонските потрошувачи се во постојана дилема дали храната која ја купуваат е безбедна по нивното здравје? Колку се точни означувањата на производителите и увозниците на храна кои најчесто рекламираат “здрава“ и “природна“ храна? . . .
Седумдесет македонски фармери од денеска до сабота ќе го посетат земјоделскиот саем во Истанбул, Турција. Организатори се Федерацијата на фармерите на Република Македонија и ТУЈАП ФЕРС. . . .
Во рамки на Отворените денови на агенциите за финансиска поддршка во земјодеството и руралниот развој, за храна и ветеринарство и за поттикнување на развојот на земјодеството, директорот на Платежната агенција, Тони Димовски, оствари среба со земјоделците од Крива Паланка и околните рурални подрачја. . . .
Медот ќе се продава само во брендирани тегли со посебен жиг од пчеларот. На овој начин во Агенцијата за храна и самите производители сметаат дека ќе се справат со фалсификаторите на мед. Според правилникот, кој важи од почетокот на годинава, сите производители на мед мора да бидат регистрирани. Теглите со идентификациски број ќе може да ги користат само регистрираните пчелари и на тој начин . . .
Италијанска делегација составена од претставници на компании од текстилната индустрија, земјоделството и производство и информатичките технологии, деновиве ја посети Македонија на иницијатива на министерот за странски инвестиции Џери Наумоф со цел реализирање потенцијални инвестициски проекти. . . .
На оглас за давање под закуп државно земјиште во Велешко ќе бидат понудени околу 1.500 хектари. . . .
Нов оглас од ИПАРД програмата
Поставено на 20.01.2014
До крајот на овој месец или почетокот на февруари ќе биде објавен нов оглас за ИПАРД, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. . . .
Со подршка на Министерството за земјоделство шумарство и водостопнаство ЈП Хидросистем „Стрежево“ наскоро ќе почне реализација на нов инфраструктурен проект вреден 15 милиони денари. Во постапка се уште два други проекти кои ќе се реализираат со директна помош на Владата на РМ најави денеска замник Министерот за земјоделство Зоран Коњановски. . . .
Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчo Димовски во саботата во Берлин на меѓународниот саем за храна, земјоделство и хортикултура „Зелена недела“ одржа билатерална средба со својот колега, министерот за земјоделство на Словенија Дејан Жидан. . . .
. . .
Пченица и јачмен, но и овошје, зеленчук и грозје, се само дел од културите на кои им се заканува драстично намален род поради високите температури несекојдневни за овој период од годината. Агрометеоролозите велат дека се уште има време за ладни денови во кои растенијата нема да ја трошат резервната храна, бидејќи календарски сме на почетокот о . . .
Прилепскиот Тутунски Комбинат го стопира откупот на тутунот, со решение од Државниот инспекторат за земјоделство бидејќи нема бонитет. На фирмата ќе и биде одземена лиценцата за откуп, доколку не обезбеди пари со кои ќе се гарантира откупот и исплатата на договорените количества тутун, дециден е директорот на Инспекторатот, Румен Стаменов. . . .
Кинески компании од областа Сичуан се заинтересирани за инвестирање во земјоделскиот сектор и нивни претставници во наредниот период ќе дојдат во Македонија за да се запознаат со условите за инвестирање во сточарството, посебно во делот за одгледување на овци, соопшти денеска министерството за земјоделство . . .
Македонското вино, овошје и зеленчук ќе се презентираат на светските пазари. Со безмалку половина милион евра владата ќе им помогне на земјоделските компании достојно да ги претстават македонските производи. На агендата се саемите во Кина, Америка, Русија, Германија, Литванија, Полска, Швајцарија, Холандија и Словенија. . . .
Во Пелагонија ќе се сади белиот сончоглед за грицкање, култура која во минатото никогаш не сме ја одгледувале. Турската компанија „Санфловер“ веќе потпишува договори со оние што ќе сеат сончоглед оваа пролет и им гарантира откуп, вели земјоделецот Митат Исмаиловски од село Будаково. . . .
Земјоделските посеви во битолскиот дел на Пелагонија се во одлична кондиција, информираат од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и потврдуваат дека во моментов под разни земјоделски култури се регистрирани 25.000 хектари. . . .
Владата на Република Македонија и Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој ги известува сите заинтересирани правни и физички лица дека втората половина на месец Јануари 2014 година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од ИПАРД програмата.
Прочитајте повеќе повеќе
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој доаѓа поблиску до земјоделците. Осум регионални центри во осумте плански  региони од  државата ќе им бидат на располагање на сите земјоделци  со цел полесно и поедноставно да се информираат за новините и условите за добивање финансиска поддршка за сите програми кои се реали . . .
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе кофинансира отворање на 10 специјални вински продавници со површина од 30 до 100 метри квадратни во кои ќе се продаваат македонски вина и ќе бидат препознатливи дека се брендирани од државата. За таа намена ќе одвои 10 милиони денари од Програмата за рурален развој. . . .
Седум милиони килограми тутун поточно 17% од годишната реколта се откупени при што е постигната просечна цена од 156 денари за килограм.  . . .
Трибина во рамки на новиот проект „Отворени денови на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството“, ќе се одржи денеска во Штип. . . .
Подрачното одделение на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството од Охрид одржува серија едукативни предавања за земјоделците од охридскиот регион. Целта е, тие да се запознаат со мерките од Програмата за рурален развој, односно со правилната употреба на пестициди и минерални ѓубрива, но и да се информираат дека треба да водат зад . . .
Дваесет и осум рибарски мрежи, со вкупна должина од 1.400 метри, и 43 парчиња охридска белвица запленија рибочуварски служби во акција организирана во понеделникот вечер во близина на караулата крај струшкото село Радожда. . . .
Минатата недела беа спроведени едукативни кампањи во повеќе села во охридскиот крај, со презентирање на програмата за Добра земјоделска пракса. . . .
На сите откупни пунктови за тутун има засилени инспекциски контроли. Акцијата доаѓа откако премиерот Груевски на отворената владина седница побара строга контрола за непречено да се одвива откупот на тутунот. Од Државниот инспекторат за земјоделство за Лидер, информираат дека сите инспектори се на терен и неколку пати во денот прават контроли на откупните пунктови. . . .
Со денешното порибување заврши тригодишниот проект за заштита и реинтродукција на македонската пастрмка, Salmo macedonikus - Karaman, 1924, во водите на Република Македонија, со посебен акцент на езерото Матка и реките Треска и Вардар на територијата на градот Скопје, раководителот на Одделението за туризам при Секторот за локален економски ра . . .
Годинава извозот на македонско вино е значително зголемен и заклучно со 30 ноември 2013 година се извезени вкупно 735.483 хектолитри грозје во износ од 42 милиона евра. За ова информира министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, кој рече дека годишно од земјава се извезува 16,5 милиони литри македонско вино. . . .
Новиот проект „Отворени денови на агенциите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за храна и ветеринарство и  за поттикнување на развојот на земјоделството“ ќе почне утре и ќе трае до крајот на февруари 2014 година. . . .
На 13 овој месец почна шестиот повик од Програмата за рурален развој на Република Македонија, како владина мерка за унапредување, осовременување и интензивирање на македонското земјоделство со цел приближување кон европските стандарди на земјоделството. Во рок од пет дена, беа изготвени 1.003 програми за земјоделските стопанства, од кои 129 де . . .
Данската компанија "ЦХР Хансен" отвори претставништво во Македонија. Канцеларијата на претставништвото е во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна. Од "ЦХР Хансен - Македонија" информираат дека продуктите во Македонија ги има од 1995 година, а причината за тоа што сега отвораат канцеларија, се нивните клиенти.
Прочитајте повеќе повеќе
Македонската Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и босанската Канцеларија за хармонизација, координација на системот за плаќања во земјоделството, храната и руралниот развој ќе ја унапредуваат соработката во процесот за пристапување на државите кон Европската унија. . . .
Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Струга изминатите денови пред струшките семјоделци ги презентираше мерките содржани во програмата за рурален развој, јавува охридското Супер радио. . . .
Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски денеска по посетата на откупните пунктови на „Сокотаб“, „Алијанса“ и „Струмица табак“ во пелагонсиките села Ивањевци и Добрушево аплираше политичките партии да не се мешаат во тутунопроизводството за добивање поени. . . .
Паушалното оданочување може да се користи, без разлика дали земјоделство претставува основна дејност или e како дополнително занимање. . . .
 Љубителите на вино од денеска имаат можност да се едуцираат за виното и за најдобрите комбинации со храната на самите продажни места. Винарската визба „Тиквеш“ на консументите им овозможи апликација преку која можат полесно да го направат најдобриот избор на вино. На информативни таблети поставени на винските полици во поголемите маркети, куп . . .
Заврши периодот на приспособување. По Нова година сите  месарници ќе бидат казнувани доколку продаваат однапред сомелено  месо. Дотогаш инспекторите за храна и ветеринарство само ќе  контролираат без парични казни. Од наредната година целосно се забранува продажба на однапред сомеленото месо. . . .
Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и ЈЗУ Центарот за јавно здравство-Битола, во општина Новаци одржаа јавна едукативна трибина на тема Користење на пестициди и вештачки ѓубрива во земјоделското производство. . . .
Од 1 јануари 2014 година секој производ со изминат рок, каква било неправилност или грешка, ќе биде детектиран на каса, при неговото купување, и веднаш ќе биде повлечен. Ова го овозможува новата генерација бар-кодови - ГС1 чија цел е максимална заштита и безбедност на потрошувачите преку следливост во дистрибутивниот синџир, од производство до наплатното место во малопродажбата. . . .
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска во Прилеп ќе посети повеќе откупни пунктови за тутун. . . .
На ден 14 декември 2013 година ќе се одржи″ Научно стручно советување  за пчеларство во Република Македонија″, во  ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА - СКОПЈЕ (Амфитеатар број 40), Бул. Александар Македонски б.б., нас. Автокоманда, 1000 Скопје . . .
Секој литар вино пуштен во продажба мора да има решение за ставање во промет. Министерството за земјоделство ја скрати досегашната постапка за издавање на истото од 30 на 10 дена. Во исто време винарниците не мора да поднесуваат документација во Скопје, туку со сегашниот правилник истите може да ги добијат во подрачните единици.  . . .
Со подобри проекти и мотив за инвестирање во секторот ќе се зголеми искористеноста на Ипард средствата. Аиво Орав вели дека ниту една држава ги нема потрошено во целост расположливите средства. Производството на храна има главна улога не само за земјата која ја добива помошта туку и за Унијата која ска да ги модернизира производствените процес . . .
Околу 200 земјоделци во Неготинско се заинтересирани за легализација на користењето државна земја, соопшти раководителот на работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Неготино Ѓорѓи Ајтов. . . .
Македонските винарии Тиквеш, Сковин, Стоби, Далвина, Камник, Бовин и Пивка, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заеднички настапија на годинашниот Словенечки вински фестивал во Љубљана.  . . .
Тирана, 27 ноември - Министерот за земјоделство, рурален развој и водостопанство Едмонд Панарите синоќа го прими амбасадорот на Македонија во Албанија, Стојан Карајанов. Министерот Панарити рече дека соработката меѓу двете земји треба да се интензивира во областа на земјоделството. Во овој контекст, министерот Панарити со задоволство ја прифати поканата од македонскиот министер за земјоделст . . .
Синоќешните снежни врнежи се добредојдени за младите, 5 милиони дрвца кои беа засадени денеска преку акцијата „Ден на дрвото“. Според познавачите, влагата значи бериќет и успешно пошумување. Досега, според иснпекторатот за шумарство се зафатиле над 61 процент од засадените дрвца, во вкупно 12 акции за пошумување. Снегот на околните ридови беше . . .
Откупните компании се подготвени за годинашниот откуп на тутунот. Како што рекоа на состанокот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), ќе ги преземат договорените количини и целосно ќе се придржуваат до законските прописи. . . .
Каква храна јадеме и колку таа е квалитетна и безбедна по здравјето на луѓето ? Сега одговорите на овие прашања ќе можеме да ги добиваме во лабароторијата што неодамна беше промовирана на Битотехничкиот факултет во Битола. Меѓу другото ќе може да се испитува и присуство на пестициди во производството. . . .
Во Кочанско се формирани две земјоделски задруги по иницијативата на Владата на Република Македонија и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за формирање земјоделски задруги и здружување на земјоделеците. Во општина Кочани, посочи Влатко Минов, раководител на Подрачната единица на МЗШВ, досега се формирани две земјоделски задруги во населените места горни Подлог и Обл . . .
Република Македонија неодамна имаше можност да ги претстави своите производи и својата храна на НАТО- добротворниот базар 2013, кој се одржа во седиштето на Алијансата во Брисел. На Базарот се претставуваат сите земји-членки и земји-партнери на НАТО, а покровител е сопругата на генералниот секретар на НАТО, Ане - Мете Расмусен. Расмусен го пос . . .
Краставички, домати, грозје, јаболка произведени во земјава со недозволенo високи количини пестициди се откриваат во најразлични земји од Европската унија. Прашање е дали вакви производи, произведени во земјава или увезени од странство, завршуваат и на нашите трпези? Надлежните тврдат дека на домашните пазари нема зеленчук и овошје „збогатени“ . . .
Раноградинарите бараат поевтини енергенси
promo codes for walgreens photo go walgreen photo deals

Поставено на 19.11.2013
Нерешен статус на земјиштето, скапи енергенси, висок надомест за експлоатација на геотермалните води и ниски субвенции, се проблемите со кои се соочуваат производителите на раноградинарски култури. Тие бараат итна средба со претставници на надлежните институции, министерствата за транспорт и за земјоделство, како и со катастарот за надминување . . .
Агенцијата за храна открила и казнила фирми кои користеле нишесте за да го згуснат киселото млеко, што е недозволиво. Како што пренесе Нова Македонија, едната од нив дури и го запишала на декларација, иако ако во ваков производ има нишесте, тоа не може да се вика кисело млеко. . . .
Фестивал на младо вино во Кавадарци
promo codes for walgreens photo walgreens photo coupon prints walgreen photo deals

Поставено на 18.11.2013
Љубителите на доброто вино имаа уникатна можност да присуствуваат на првото отворање на бочвите со вино од годинашната берба и да го дегустираат младото вино од 2013-та. Пред министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, бизнис заедницата и останатите почитувачи на виното, винарската визба „Тиквеш“ ги претстави вината произведени од новата рекол . . .
Заменик министерот за земјоделство, Зоран Коњановски, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски, раководителот на подрачната единица на МЗШВ Битола Илија Србиновски и директорот на АПРЗ Игор Златков се сретнаа со земјоделците од Новаци и ги информираа за Законот за земјоделски задруги и поволностите од него. . . .
Овоштарството станува доходовен бизнис во земјава. Последните 4 години има тренд на зголемување на производството за околу 20 %, покажува најновата анализа на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до која дојде Лидер. Во 2012 година се произведени 128. 159 тони јаболка, за разлика од 2009 кога производството изнесувало 10 . . .
Со казни се соочуваат сите производители на овошје и зеленчук, и мали и големи, сите кои немаат комплетни податоци во својата документација за хемискиот третман на производите во последните 5 години. . . .
До крајот на ноември производителите на градинарски производи и овошје, кои своето производство го имаат дадено во преработувачките капацитети, треба да се пријават за субвенции во Подрачните единици на Министерството за земјоделство. . . .
Земјоделците кои имаат долгогодишни насади на земјоделско земјиште во државна сопственост, а немаат договор за закуп, имаат последна шанса да го решат овој проблем. Во петок министерството за земјоделство ќе го објави последниот Јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на таквото земјоделско земјиште во државна сопственост низ ц . . .
Контролите не се доволни . . .
Во струмичко Градошорци денеска по шести пат во организација на општина Василево, потпомоната од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа фестивалот за праз, „Празојада“.  . . .
Во кумановското село Режановце денеска се оддржа манифестацијата „Празијада 2013“ чија цел е промоција на празот како градинарска култура карактеристична за овој регион.Домаќинките од регионот презентираа традиционална храна во која основна состојка е празот. И учениците од средното училиште „Киро Бурназ“ од земјоделската и од прехранбената ст . . .
Триесет и четири тони краставици од Македонија биле вратени од Хрватска бидејќи имале премногу опасни хемикалии, објавува Нова Македонија. . . .
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски оствари прва официјална средба со новоименуваниот амбасадор на Република Италија во Република Македонија Ернесто Масимино Белели. . . .
Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во делот земјоделство и рурален развој, како и тековниот ЕУ инструмент за претпристапна помош - ИПА 2007-2013, беа дел од темите за кои вчера, на работна средба, разговараа ресорниот министерЉупчо Димовски и евроамбасадорот Аиво Орав. . . .
Воведување ловишта со посебна намена во националните паркови низ државата, предвидуваат најновите измени на Законот за ловство што вчера ги разгледа собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. . . .
Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешната седница ги поддржа измените и дополнувањата на Законот за безбедност на храна кои предвидуваат забрана на увоз, производство и пуштање во промет генетски модифицирана храна додека Македонија не стане членка на Европската унија. . . .
Над 40 турски компании од денеска до сабота на Скопскиот саем ќе ги презентираат своите производи пред Македонците. Овој саем се одржува веќе три години и  присуствуваат компании од областа на текстилот, козметиката, земјоделството, логистиката, туризмот, градежништвото, образованието, како и фирми производители на апарати за домаќинство. . . .
Во Метрополис арената на Скопски саем денес започнува третиот Саем на турски извозни производи што го организира Меѓународната саемска организација Меридијен и Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО). Саемот ќе трае до сабота, а посетителите ќе имаат можност да видат производи на околу 40-тина турски компании од областа на текстилот . . .