Зачлени се    
 
 
     За нас   |   Совети   |   Новости   |   Календар   |   Контакт   |   Помош    Барај производ
 
  Продавајте полесно, заработете повеќе со Агри ИнфоНет!     НОВОСТИ:      Вината на „Тиквеш“ во комбинација со македонски специјалитети вистински хит во Загреб     Треба да бидеме горди на македонското млеко     Преработувачите ќе треба да го откупат вишокот на свинско месо     Млекото не содржи опасни материи ќе се контролира еднаш на две недели
promo codes for walgreens photo walgreens photo coupon prints walgreen photo deals
     ГОДИНАВА ЌЕ СЕ ОТКУПИ ПОМАЛКУ ТУТУН ВО СПОРЕДБА СО ЛАНИ
 
   
 
Пронајдени се 16 огласи  
НАЈНОВИ ОГЛАСИ

















ноември 2019
повтсрчепесане
28293031123
45678910
11121314151617
18192021222324
2526272829301
2345678
  • Поледелство
    walgreen photo coupon codes click coupon code for walgreens photos
    promo codes for walgreens photo go walgreen photo deals
    Ноември
    Поледелство Се заоруваат ливадите и пасиштата кои веќе не се рентабилни. Во тек е сеидбата на пченица, хмељ, нане, лаванда, јачмен (крај на октомври и почеток на ноември ). Доколку после орање, пред сеидба почвата е збиена или со грутки се препорачуваат дополнителни мерка како култивирање, тањирање со цел почвата подобро да се иситни. Во овој период се припрема почвата и за пролетна сеидба, се врши заорување (25-40cm) на претходно растурените потребни количини од органски и минерални ѓубрива. Се чистат старите и се копаат нови канали за одлевање на водата од нивите, ливадите, и покрај патиштата.
  • Сточарство
    Ноември
    Сточарство Во овој период мора да се води сметка за видот и количеството на храна за животните. Кај работниот добиток (коњите) се препорачува намалување на оброците а кај товните животни (свињите) потребно е во исхраната да се додат и одредени количества на јачмен. Треба да се влијае и врз подобрувањето на исхраната на несилките во живинарството. Од месец ноември исхраната на животните почнува да се сведува на силажа. Во првата декада од овој месец се подготвуваат и затоплуваат просториите во кои ќе презимуваат животните.
    promo codes for walgreens photo walgreens photo coupon prints walgreen photo deals
  • Лозарство
    promo codes for walgreens photo walgreens photo coupon prints walgreen photo deals
    Ноември
    Лозарство Во овој месец се започнува со кроење и собирање на ластерите. Се привршува со покривањето (загртување) на лозовиот насад. Вкоренетите ластери се покриваат до четвртата пупка. Празните места се пополнуваат со ожилени калеми кои се вкопуваат во почвата така што калемот да биде покриен за да не се исуши. Се врши подготовка на лозовиот насад и почвата за претстојната зима. Се растураат органските и минералните ѓубрива.
    walgreen photo coupon codes gallaghermalpractice.com coupon code for walgreens photos
  • Лозарство - винарство
    Ноември
    Винарство Младите вина финализираат со процесот на бистрење и филтрирање, во тек е подготовката за понатамошно зреење. Постарите вина може да се полнат во шишиња. Вината кои се подготвени да стареат сеуште ферментираат и се во контакт со цврстите делово од грозјето.
  • Овоштарство
    Ноември
    Овоштарство На почетокот од овој месец се берат зимските овошни видови и се оставаат на чување. Се привршува со чистењето на сувите гранки и резидбата на овоштарниците. Треба да се направи визуелна контрола на стеблото дали има гнездо на јајца од молци, како и под кората на подебелите гранки каде најчесто презимуваат јајцата од лисните вошки. Со оглед на тоа дека станува збор за опасни штетници, доколку временските прилики дозволуваат препорачливо е да се изврши есенско/зимско прскање. Во овој период од исклучителна важност е и заштитата на овошките од болести. При што се користат бакарни препарати за заштита од пламеница кај сливата, сушење и шупливост на листовите кај праската, сливата, јаболката, вишните, фузикладиум кај крушите и јаболката, како и за заштита од монилија кај повеќе видови овошки. Подигањето на овошните насади може да се изведува во текот на целиот период на мирување, односно од опаѓање на листовите наесен па сѐ до потерување на пупките во наредната пролет. Секој период на садење на садниците има свои предности и недостатоци. При подигањето на овошните насади во нашите климатски услови, кои се претежно аридни, треба да се почитува правилото „летна подготовка на површината, а есенско садење на садниците”. Есенското садење на садниците особено треба да се применува за коскестите овошни видови: праска, кајсија, слива, бадем, цреша, вишна, чиј коренов систем е многу осетлив на подолги манипулации, трапење, претрапување, транспорт и сл. За овие видови најдобро е преземањето на садниот материјал од расадниците да се врши во моментот на вадењето, со што се презема свеж материјал кој веднаш оди на садење или трапење близу до новиот насад. Во овој период од годината се садат и малина, капина, рибизла.
  • Градинарство
    Ноември
    Градинарство Во тек е бербата на зелка, кељ, магдонос и вадењето на коренестиот зеленчук (морков, геревиз, цвекло, пашканат и рен). По вадењето, коренестиот зеленчук се складира во трапови. Зеленчукот кој останува на нива преку зима се покрива со слама или суви лисја (мулчирање). За покривање на почвата може да се употреби и арско ѓубриво, компост, дрвени струготини, тресет, плева, специјална хартија (мулч хартија), метални плочи и полиетиленска (PE) со различна боја. Мулчирањето влијае позитивно на структурата, а тоа значи на хемиските, физичките и биолошките својства на почвата. Исто така има влијание и врз промената на микроклимата над почвата каде дневната температура на воздухот е повисока, а ноќната пониска. Во ноември сите растителни остатоци на одгледуваните култури се корнат, се изнесуваат од градината и се компостираат.
  • Пчеларство
    Ноември
    Пчеларство Во ноември времето веќе е студено и пчелите се во клубе трошејки сосема малку енергија и храна, штедејки ја за пролетниот развој. Пчелината заедница има само пчели и матица, трутовите одамна се исфрлени и секое нивно забележување најчесто значи дека со таа заедница нешто не е во ред. Активностите на одгледувачот на пчели во текот на месец ноември се сведуваат на неделни посети и контроли на пчеларникот. При посетите потребно е да се извршат неколку операции кои се од есенцијално значење за успешно презимување на пчелните семејства. Треба да се внимава на тоа како се поставени кошниците. Да биде благо сведната на напред како би се спречило влегување на вода во внатрешноста на кошницата. Добро да се внимава пчеларникот да не биде изложен директно на ветер туку да се наоѓа во завет. Внимание да се посвети на вентилацијата во кошницата, затоа што во зимскиот период е од пресудно значење за добро презимување и брз пролетен развој. Да се извадат хранилките и да се заменат со затоплувачки материјал (најдобро со дневни весници) со висока хигроскопност. Важно е и да се направи брз информативен преглед (доколку температурата е над 12-14°c) на пчелните семејства со цел да се утврди количината на храна и евентуално, доколку има потреба, да се додадат рамки мед. Најважна постапка во текот на овој месец е третманот со оксална киселина после 20 ноември. Дополнително, одгледувачот на пчели потребно е да преземе одредени активности и во однос на работата во пчеларската работилница и тоа пред се во подготовка на рамки и санирање на оштетените тела од кошницата.
  • Овоштарство
    Овоштарство Една од најважните мерки кај овошните кутури во овој период е резидбата. Зимската резидба се врши во периодот на мирување на овошките, од опаѓањето на лисјата до почетокот на вегетацијата, а летната во текот на вегетацискиот период, за време на порастот на леторастите. предност и даваат на летната резидба, бидејќи зараснувањето на пресекот е подобро, дрвото е помеко и нема неповолно дејство од ниски температури. Меѓутоа, зимската се смета за главна, а летната за нејзина корекција. Со резидбата секоја година треба да се заменат 25-30% од родното дрво, но, притоа водејќи сметка да се зачува формата на короната. Со резидбата се отстрануваат сувите и искршени гранки, се проредува короната и повремено се подмладува. Притоа е неопходно да се разликуваат родните (покрупни) од неродните (поситни) папки. Родните содржат зачетоци на цветовите. Треба да се внимава на носивоста на гранките, а треба да се знае дека кај јаболчестите видови се родни двогодишните гранчиња. По потреба се врши и проредување на плодовите, што директно влијае врз квалитетот и големината на плодовите, овошките не се истоштуваат, тие се поотпорни на зимските мразеви, а животниот век и плодоносењето им се подолги. Зајаците и подземните кучиња причинуваат доста штети во овоштарникот, особено на младите, штотуку засадени овошки. Поради штетите што ги прават, малите глодачи, слични на глувци, треба навреме да се сузбијат. Тоа се прави така што околу овошката се бараат дупките и ходниците на подземните кучиња и во нив се поставуваат отровни мамци. Овоштарите често ја одбираат и механичка заштита на своите насади обмотувајќи ги стеблата со жичано или пластично плетило или со најобични вреќи за компир. Подобар начин е ако стеблата на овошките ги заштитите со помош на надолжно расечени пластични или гумени цевки околу нив, а за тоа добро може да послужи и стара внатрешна автогума. Чувањето на овошјето во текот на зимата е важна мерка, од која зависи квалитетот и должината на користењето на овошјето. Поголема количина на овошје најдобро се чува во ладилници, додека помалите количини можат да се чуваат и во мали простории. Просторијата во која се чува овошјето претходно треба да се исчисти и вароса, со додаток на 1% син камен во варното млеко. Амбалажата треба да биде чиста и здрава. Јаболката најчесто се чуваат во сандаци, јаболчари, наредени еден врз друг, подигнати од подот 10-тина см. Крушите се чуваат во холандези, наредени во еден ред, а се редат еден врз друг, од причина што крушите се поосетливи на скапување, па е потребно проветрување на просторијата. Скапаните плодови се отстрануваат, за да не се инфицираат здравите. Најдобро е сандаците и холандезите да се обложат со перфорирана хартија. На тој начин плодовите помалку се набиваат при допир со амбалажата и помалку се скапуваат. Просторијата каде се чува овошјето повремено се проветрува со отварање на прозорците и вратите. Во есенскиот период, проветрувањето се врши навечер, за да влезе ладен воздух и на тој начин температурата во просторијата се снижува, со што се овозможува подолго зачувување на плодовите