|
НАЈНОВИ ОГЛАСИ
НУДАМ
Производ:
Репроматеријали - пчеларствоpromo codes for walgreens photo go walgreen photo deals
Локација:
Македонија, Источен
Количина:
200
кг
Посети:
2564
Објавен на:
15.12.2017
|
ПЛАНИРАМ
Производ:
Добиточна храна
Локација:
Македонија, Вардарски
Количина:
3000
кг
Посети:
1610
Објавен на:
15.12.2017
|
ПЛАНИРАМ
Производ:
Ѓубрива
Локација:
Македонија, Скопски
Количина:
5000
л
Посети:
2092
Објавен на:
15.12.2017
|
|
НУДАМ
Производ:
Репроматеријали - пчеларствоpromo codes for walgreens photo go walgreen photo deals
Локација:
Македонија, Источен
Количина:
200
кг
Посети:
886
Објавен на:
15.12.2017
|
|
ПЛАНИРАМ
Производ:
Орев
Локација:
Македонија, Вардарски
Количина:
100
кг
Посети:
1640
Објавен на:
15.12.2017
|
ПЛАНИРАМ
Производ:
Добиточна храна
Локација:
Македонија, Вардарски
Количина:
3000
кг
Посети:
1492
Објавен на:
15.12.2017
|
|
ПЛАНИРАМ
Производ:
Гроздова ракија
Локација:
Македонија, Вардарски
Количина:
500
кг
Посети:
1278
Објавен на:
15.12.2017
|
ПЛАНИРАМ
Производ:
Јаболка
Локација:
Македонија, Источен
Количина:
4000
кг
Посети:
1161
Објавен на:
15.12.2017
|
|
ПЛАНИРАМ
Производ:
Компир
Локација:
Македонија, Североисточен
Количина:
2600
кг
Посети:
1605
Објавен на:
15.12.2017
|
ПЛАНИРАМ
Производ:
Каки, Јапонско јаболко
Локација:
Македонија, Скопски
Количина:
100
кг
Посети:
1521
Објавен на:
15.12.2017
|
ПЛАНИРАМ
Производ:
Лубеници
Локација:
Македонија, Југоисточен
Количина:
175000
кг
Посети:
1131
Објавен на:
15.12.2017
|
БАРАМ
Производ:
Зелка лисна
Локација:
Македонија, Југоисточен
Количина:
50000
кг
Посети:
1255
Објавен на:
15.12.2017
|
|
|
 | јануари 2021 |  |
| |
28 | 29 | 30 | 31 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
|
-
|
Овоштарство
Овоштарство
Една од најважните мерки кај овошните кутури во овој период е резидбата. Зимската резидба се врши во периодот на мирување на овошките, од опаѓањето на лисјата до почетокот на вегетацијата, а летната во текот на вегетацискиот период, за време на порастот на леторастите. предност и даваат на летната резидба, бидејќи зараснувањето на пресекот е подобро, дрвото е помеко и нема неповолно дејство од ниски температури. Меѓутоа, зимската се смета за главна, а летната за нејзина корекција.
Со резидбата секоја година треба да се заменат 25-30% од родното дрво, но, притоа водејќи сметка да се зачува формата на короната. Со резидбата се отстрануваат сувите и искршени гранки, се проредува короната и повремено се подмладува. Притоа е неопходно да се разликуваат родните (покрупни) од неродните (поситни) папки. Родните содржат зачетоци на цветовите. Треба да се внимава на носивоста на гранките, а треба да се знае дека кај јаболчестите видови се родни двогодишните гранчиња. По потреба се врши и проредување на плодовите, што директно влијае врз квалитетот и големината на плодовите, овошките не се истоштуваат, тие се поотпорни на зимските мразеви, а животниот век и плодоносењето им се подолги.
Зајаците и подземните кучиња причинуваат доста штети во овоштарникот, особено на младите, штотуку засадени овошки. Поради штетите што ги прават, малите глодачи, слични на глувци, треба навреме да се сузбијат. Тоа се прави така што околу овошката се бараат дупките и ходниците на подземните кучиња и во нив се поставуваат отровни мамци. Овоштарите често ја одбираат и механичка заштита на своите насади обмотувајќи ги стеблата со жичано или пластично плетило или со најобични вреќи за компир. Подобар начин е ако стеблата на овошките ги заштитите со помош на надолжно расечени пластични или гумени цевки околу нив, а за тоа добро може да послужи и стара внатрешна автогума.
Чувањето на овошјето во текот на зимата е важна мерка, од која зависи квалитетот и должината на користењето на овошјето. Поголема количина на овошје најдобро се чува во ладилници, додека помалите количини можат да се чуваат и во мали простории. Просторијата во која се чува овошјето претходно треба да се исчисти и вароса, со додаток на 1% син камен во варното млеко. Амбалажата треба да биде чиста и здрава.
Јаболката најчесто се чуваат во сандаци, јаболчари, наредени еден врз друг, подигнати од подот 10-тина см. Крушите се чуваат во холандези, наредени во еден ред, а се редат еден врз друг, од причина што крушите се поосетливи на скапување, па е потребно проветрување на просторијата. Скапаните плодови се отстрануваат, за да не се инфицираат здравите. Најдобро е сандаците и холандезите да се обложат со перфорирана хартија. На тој начин плодовите помалку се набиваат при допир со амбалажата и помалку се скапуваат.
Просторијата каде се чува овошјето повремено се проветрува со отварање на прозорците и вратите. Во есенскиот период, проветрувањето се врши навечер, за да влезе ладен воздух и на тој начин температурата во просторијата се снижува, со што се овозможува подолго зачувување на плодовите
|
-
|
Поледелствоwalgreen photo coupon codes click coupon code for walgreens photos promo codes for walgreens photo go walgreen photo deals
Јануари
Поледелство
Во месец јануари се врши прихрана на почвата со органски ѓубрива. Се препорачуваат повремени контролни посети на посевите со озими култури.
|
-
|
Сточарство
Јануари
Сточарствоpromo codes for walgreens photo go walgreen photo deals
Хигиената во објектите е важен услов за обезбедување правилен раст и прираст на животните. Лошите хигиенски услови резултираат со заболување на стоката како и намалување на производните особини. Во потоплите сончеви денови животните се пуштаат надвор од шталата, во нивно отсуство шталата добро се проветрува и се чистат остатоците од храна и ѓубре. Проблемите со респираторниот систем се намалуваат кога се овозможува пристап на животните до отворен простор и свеж воздух, наместо постојаното вдишување на испарувањата и гасовите кои се создаваат во затворените објекти. Дополнителна заштита е секојдневното вадење на ѓубрето од шталскиот објект.
|
-
|
Лозарство
Јануари
Лозарство
Во месец јануари се прават главните подготовки на површината за подигање на нов лозов насад. Се привршува со ѓубрење и риголовање на почвата. Се набавуваат сите потребни материјали за работа.
|
-
|
Лозарство - винарство
Јануари
Винарство
Во месец јануари вината стареат во буриња и цистерни. Вината од претходните берби се подготвуваат за продажба. Се врши контрола и поправка на опремата.
|
-
|
Овоштарство
Јануари
Овоштарство
Во првиот месец од годината е потребно да се направи контрола на заштитата на овошните стебла од глодари и зајаци. Ако се увидат оштетувања, потребно е брзо да се санираат. Доколку се забележат гнезда од гасеници најсигурно е да се соберат и запалат. Сувите гранки се кршат и отстрануваат од овоштарникот.
|
-
|
Градинарство
Јануари
Градинарство
При крајот на месец јануари се започнува со подигање на топли леи и сеидба на ран зеленчук. Топлите леи во споредба со оранжериите имаат поевтина и поедноставна конструкција, заради што се најзастепени во градинарството. Се користат главно за одгледување расад, а во помала мера и за рано производство на зеленчук. Благодарение на расадот произведен во топли леи, развитокот на заленчуковите растенија се забрзува за 1.5 – 2 месеци. Топлите леи можат да бидат надземни (париски тип) или вкопани (руски тип). Основни елементи на топлите леи се: трап (вкопан тип), рамка, каса и рогозина.
За затоплување на леите се користат биолошки и технички извори на топлина. Од биолошките материјали се употребува свежо арско ѓубре, слама и плева, понекогаш лисја, разни растителни отпадоци и др. Разните материјали немаат иста топлотна вредност. Коњското ѓубре е најпогодно за затоплување на леи. За десетина дена тоа се затоплува до 70°С, а потоа температурата опаѓа и се задржува на околу 30°С. Говедското ѓубриво е најчесто користено како биотопливо. Бавно се загрева и развива температура до 50°С, а по намалувањето до 15-20°С истата ја задржува за 1.5-2 месеци. За одгледување на расад од домат, пипер, патлиџан и краставица во јануари-февруари, дебелината на биотопливото во леата треба да биде 50-60 cm.
За топли леи се употребува специјално плодна почва – смеса од плодна почва и ситно ѓубре или тресет.
Раширена е практиката топлите леи да се вградуваат во пластениците. На овој начин се постигнува поголем ефект на биотопливото. За рано производство на расад (јануари-февруари) леите во пластениците се покриваат со стаклени рамки . Во овие леи (мајки) се произведува густ расад од пипер и домат, кој подоцна се пикира.
Втората половина на месец јануари се сеат рани сорти на домат, пиперка, патлиџан, зелка, карфиол, алабаш, салата, геревиз.
|
-
|
Пчеларство
Јануари
Пчеларство
Јануари е месец кога пчелите сеуште не општат со природата, тие мируваат и се наоѓаат во клубе. Но ако температурата е над 8⁰C тогаш тие излегуваат на прочистени летови.
Доколку има интензивни снежни врнежи, треба да се помогне снегот да се отстрани/исчисти од летото на пчелната кошница, со цел нормално да се одвива размената на гасови.
Основно правило во месец јануари е пчелните семејства, да не се поместуваат или вознемируваат беспотребно, се додека се наоѓаат во зимското клубе. Само најнеопходните работи треба да се изведуваат со најголема можна внимателност.
Поради исхраната на првото легло околу 10ти јануари значително се зголемува потрошувачката на храна (мед и полен). Зголемената потрошувачка на храна и забрзувањето на другите животни процеси во пчелното друштво, предизвикува појава на поголема количина водена пареа. Затоа е битно обезбедување на правилна вентилација за време на зазимувањето на пчелните семејства во месец август.
Како најбитна активност во месец јануари е да се направи контрола дали пчелните семејства имаат доволна количина на храна околку клубето. Тоа може да се утврди визуелно, со согледување на поставеноста на клубето од пчели. Ако се утврди дека нема доволно храна пчелното друштво се прихранува со додавање зимски погачи. Доколку при контрола на пчелното семејство се утврди дека залихите со храна се слаби тогаш мора да се додадат зимски погачи што поскоро без зависност на температурите. Многу често пчеларите прават грешки, додаваат зимски погачи уште во ноември – декември без разлика дали пчелите имаат залиха на храна, со што предизвикуваат намалување на животниот век на зимската пчела.
|
|
|